ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 31 мај во Кочанско – Третман од земја за заштита од комарци

В среда, на 31 мај 2023 година во Кочани, во раните утрински  часови стручна екипа на  Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведе првата фаза од превентивното терестичко (земјено) дезинсекционо третирање за заштита од комарци. Истиот ден ќе се спроведе и ларвицидно третирање. Во првата фаза од дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на град Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ го одбележува патрониот празник

Во пресрет на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со првачињата, наставниот, раководниот кадар од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ и со повеќе општински делегации, претпладнево положија свежо цвеќе на споменикот во училишниот двор. Одбележувањето на патрониот празник ќе продолжи со свечена академија што ќе се одржи вечерва во холот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 28 мај во Кочани ќе се одржи хуманитарна Ротари трка

В недела, на 28 мај по улиците во централното градско подрачје во Кочани,  ќе се одржи хуманитарна трка во организација на Ротари клубот Кочани-Виница. На повикот за учество во трката досега се пријавени стотина учесници, а организаторот очекува нивниот број да се удвои. Учесниците ќе трчаат на 5 и на 10 километри, а годинава ќе има и фамилијарна трка, на 2,5 км. Општина Кочани е еден од поддржувачите на Ротари трката, која ќе биде проследена и со музичко-забавни содржини во Паркот на Револуцијата. Ротари клубот Кочани-Виница ги повикува сите љубители…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Одбележан денот на пожарникарството

По повод Денот на пожарникарството во Македонија градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво и ги врачи наградите на најуспешните пожарникари. Наградата за најупешен пожарникар во 2022 година ја доби Влатко Јефтимов од ТППЕ. Наградата за најуспешен доброволен пожарникар, што се доделува првпат, му беше врачена на Мирче Павлов од ДПД.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се обележува хоризонталната сигнализација на улиците и патиштата во Кочани

На јавните патишта и улици во Кочани во тек е периодичното одржување. Општина Кочани парцијално поставува нова и ја менува дотрајаната вертикална сигнализација. Со подобрувањето на временските услови од денеска започнува бележењето на хоризонталната сигнализација. Избраниот изведувач работеше на обновувањето на пешачките премини на улицата „Стево Теодосиевски“. Работите ќе продолжат утре, на улиците „Стево Теодосиевски“, „Димитар Влахов“, „Никола Карев“ и „Тодосија Паунов“. За непречено и брзо завршување на работите кои се од општ јавен интерес и за зголемување на безбедноста во сообраќајот потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, намалена брзина на движење, зголемено…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Реализирана акцијата Генералка викенд 2023

Oпштина Кочани се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2023.  Во акцијата учествуваа Детската градинка „Павлина Велјанова“, основните и средните училишта, вработени во КЈП „Водовод“ и Општина Кочани.  Се собираше и селектираше отпад на повеќе локации: во околината на Спомен-домот „АСНОМ“, во Тикешински Лозја, Лукубија, кај спортските терени во СОУ „Љупчо Сантов“ и ОУ „Свети Кирил и Методиј“. Собраниот отпад ќе се мери, ќе се рециклира, а дел ќе се транспортира на Градската депонија.  За собраниот отпад ќе бидат донирани садници,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот Љупчо Папазов го потпиша договорот за кофинансирање на проектите од ReLOaD 2

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за кофинансирање на проектите во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2). По објавениот повик и резултати од евалуацијата на предлог-проектите од граѓански организации добиени на јавниот повик во рамките на ReLOaD 2, во овој втор повик одобрени проекти за финансирање се: 1.      ЗГ „Среќни луѓе“ – Кочани: „Градче – да блесне езерскиот бисер“ 2.      СЗРЕК „Кочански рибар“ – Кочани: Спортскиот риболов еликсир за младите 3.      Здружение „Еднакви за сите“ – Кочани: Подобро општество за слепите лица во Кочани 4.      Доброволно…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

В петок, 12 мај – Генералка викенд во Кочани

На 12 мај, Oпштина Кочани ќе се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2023. Во акцијата ќе учествуваат основните и средните училишта, дел од вработените во КЈП „Водовод“ и Општина Кочани. Акцијата ќе започне од 10 ч., кога од пред зградата на Општина Кочани учесниците ќе појдат кон соодветните локации: „АСНОМ“, СОУ „Љупчо Сантов“, Тикешински Лозја и Лукубија. Покрај собирање и селектирање отпад, ќе се засадуваат дрвја на урбанизирани места во Кочани.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Приведен дилер од Кочани

Полициски службеници од ОВР Кочани, вчера во 18:10 часот, го лишиле од слобода Е.Д.(46) од Кочани. -При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Интервенции на водоводната мрежа на улица „Бел Камен„ во Кочани

Во рамките на своите планирани активности за поправка и унапредување на водоводната мрежа, секторот водовод и канализација при КЈП “Водовод” Кочани во претходните неколку денови изврши повеќе интервенции според претходно утврден план и динамика.  На улица “Бел камен” во Кочани беше извршена промена на вентил на главна линија. Со ова ќе се овозможи при сопирање и други интервенции на главната линија за оваа улица, прекинот на вода да биде сведен на помал број на корисници. Исто така на оваа улица извршена е промена на цевка од 30 м со f90,…

Прочитај повеќе