Известување за настанат дефект на водоводна мрежа

Ги информираме корисниците дека е настанат сериозен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани. 

Поради обилните врнежи во саботата и наносите на талог и друг отпаден материјал во Кочанска река е оштетен цевковод f200 од ПВЦ. 

По пријавувањето на дефектот, екипите на КЈП “Водовод” Кочани излегоа на терен и успешно го лоцираа оштетувањето на цевководот во течението на Кочанска Река, но поради зголемениот водостој на реката беше неопходно намалување на водостојот за да се одстрани дефектот. 

Во текот на денот екипите на  КЈП “Водовод” Кочани помогнати од механизација и на други приватни стопанственици и Општина Кочани ќе работат на делумно пренасочување на дел од Кочанска река за да се овозможи пристап на механизација и луѓе за целосно отсранување на дефектот во речното корито.

Бидејќи станува збор за сериозен и комплексен проблем, апелираме до граѓаните да имаат трпение и разбирање за настанатата ситуација. Исто така информираме дека цистерни со техничка вода се испратени на улиците на кои е прекинато водоснабдувањето.

Се надеваме дека сериозниот и комплексен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона ќе биде саниран во декот на денот, а корисниците ќе ја добијат услугата во вечерните часови.

Со почит,

КЈП “Водовод” – Кочани

Сподели: