ОПШТИНА КОЧАНИ 

Велигденска честитка од градоначалникот

По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои: „Почитувани сограѓани, Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви го честитам Вам, на сите православни верници и да Ви посакам Христова љубов, здравје и спокој во секој дом. Празнувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот, ја чуваме нашата традиција, нашето духовно културно наследство, затоа да се радуваме заедно со радоста велигденска и сплотенo да го прославиме…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се обновува бојата на оградите во Кочани

Во тек е бојосување на оградите на мостовите и на заштитните огради во Кочани. Со договорот за бојосување огради што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Политехна-компани“ од Кочани, во тек е бојадисувањето на металните огради во Кочани. Активностите започнаа од Двојниот мост. Деновиве екипите работат на мостовите на Кочанска Река, а бојата на оградите ќе се обнови и на мостот на Масалница во Оризари.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Инсталирани фотоволтаични централи на Пречистителната станица

Заврши инсталацијата на фотоволтаичните централи на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Во присуство на претставници на фирмите за изведување и за надзор, на Општина Кочани и КЈП „Водовод“,  фотоволтаичните централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати беа пуштени во пробна работа.  Инсталацијата на фотоволтаичните системи на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци се реализира со проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, со грант од Центарот за меѓународна соработка и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 2 мај во Кочани започнува Велигденски хепенинг

На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани. Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од ОУ „Никола Карев“ и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.  ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе приреди „Велигденска работилница“, а во знакот на големиот христијански празник ќе има и ликовен перформанс од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови тротоари на Ул.„3-та Македонска бригада“

Со договорот за изведба на тротоари што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Урбан павер“ од Скопје, почнува изградбата на нови пешачки површини на подрачјето на Кочани. Активностите започнаа од улицата „Трета македонска бригада“, каде што се одвиваат земјените работи, по што тротоарите ќе бидат поплочени со бетонски павер елементи. Со овој проект ќе се подобрат условите за движење на пешаците и поголема безбедност во одвивањето на целокупниот сообраќај.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Од 9 мај во основните училишта во Кочани започнува уписот на првачињата за учебната 2024/25 година

Децата кои до крајот на календарскава година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31 јануари 2019 г., по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог имаат право да се запишат во прво одделение. Уписите во основните училишта во Кочани започнуваат од 9 мај, а согласно Законот за основно образование, основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште. Училиштата ќе достават покана за упис на детето, со термин кога родителот треба да се обрати кај нив. Родителот е должен…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 2. мај Дајте музика во паркот

Во склоп на Велигденскиот хепенинг, на 2-ри мај Општина Кочани ќе организира целодневна програма и концерт за најмладите насловена ДАЈТЕ МУЗИКА во Градски парк во Кочани со почеток во 17:00 часот. Инаку, Велигденскиот хепенинг ќе трае од 2 до 8-ми мај, и ќе содржи богата музичка и забавна програма, со поставени продажни штандови.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се модернизира преминот на железничката пруга

Во тек е реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, на дел од ул. „Никола Карев“ во Кочани. На премините се поставува гумена подлога со цел да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот. Поради тековните активности, влезот односно излезот во Кочани од правецот кон Грдовци е затворен за сообраќај, а надлежните служби ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот сообраќаен режим. По завршувањето на овој премин, градежните…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Трибина во МКЦ: „Ромите во Кочани денес“

Во рамките на програмата на Општина Кочани за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, денеска во салата на Мултикултурниот центар се одржа трибина на темата „Ромите во Кочани денес“. Трибината, со свое излагање за реализираните активности за ромската заедница во Кочани, ја отвори градоначалникот Љупчо Папазов, кој говореше за општинските мерки и активности во повеќе области: образованието, социјалата, урбанизмот и инфраструктурата. Видувања за состојбите и за напредокот на Ромите во Кочани изнесоа и Јалчн Неџипов, како претставник на „Ромалитико“ и Мануела Саидова од невладината организација „Светла иднина“. Ученици од ОУ…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови садници покрај тротоарите и во парковите

Деновиве се озеленуваат нови површини во централното градско подрачје на Кочани. Се засадуваат нови садници од видовите јасен, јавор, липа, црвена слива и платан покрај тротоарите по неколку улици, како и на повеќе парковски површини.    Општина Кочани апелира до граѓаните грижливо и совесно да се однесуваат и да не ги оштетуваат новите садници и останатата високостеблеста вегетација.

Прочитај повеќе