ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Врнежите (привремено) ги спасија стрништата

Само мал број земјоделци го злоупотребија сушниот период пред најавениот дожд и снег, кои од вчера започнаа да врнат, за да ги запалат стрништата со се сламата во нив, во оризовите плоња. Во денови на викендот задими од неколку локации во кочанските оризови полиња, главно во чешиновско-облешевскиот реон, каде пламените јазици се гледаа и во ноќните часови. Сепак, оваа есен изостанаа масовните палења, што е знак дека колективната свест за штетите од опожарување на полињата се подигнува на повисоко ниво. Проблем сепак е фактот дека сламата остана во нивите несобрана,…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Политиката ќе го изеде и оризот

Колку политиката е навлезена во земјоделието, односно меѓу земјоделците, потврдуваат активностите на разни здруженија и иницијативни одбори, и нивниот пристап кон решавањето на краткорочните и долгорочните проблеми. Практично, кога една политичка опција е на власт, истата не преговара и не се договара со земјоделските здруженија кои се наклонети кон другиот политички блок, и обратно, со цел да се избегнат непријатните критики. Но така се добиваат нереални претстави за состојбите, на пример со оризопроизводството, поради што губи мнозинството земјоделци и развојот на оваа специфична земјоделска култура. Различното гледање на проблемите беше…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Со 20 денари за кг арпа, други мерки ќе нема

За викендот заменик министерот за земјоделство Трајан Димовски во Штип соопшти дека цената на оризовата арпа во моментов е околу 20 денари, и дека доколку се спушти пониско ќе имало простор за разговор со оризопроизводителите. Притоа, нагласувајќи дека како ресорно Министерството се отворени и комуникацијата со оризопроизводителите е постојана. Тој е против, како ќе стигнува производството, постојано да се бараат интервентни мерки затоа што цените варираат на пазарите. Димковски истакна дека проблемот со откупната цена на оризот се провлекува наназад десет години, а минатата година оризопроизводителите имале драстично зголемување на…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Министерството за здравство соопшти Во Кочани 15 новозаболени и 13 оздравени

Во изминатите 24 часа во Кочани се регистрирани 15 новозаразени пациенти позитивни на коронавирусот и 13 оздравени. На ниво на држава од направени 2019 тестирања,регистрирани се 820 нови случаи на ковид 19 од кои најголем број се од Скопје 297. Во Виница денеска се регистрирани 6 новозаболени и 5 оздравени пациенти. Бројка активни случаи на ковид 19 во Кочани изнесува 288,а во општина Виница 159.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Во Кочани 12 новозаразени, 15 оздравени и еден починат

Во изминатите 24 часа во Кочани се регистрирани 12 новозаразени со ковид 19, 15 оздравени пациенти и еден починат на 68 годишна возраст. Бројот на активни случаи е 287. Во општина Виница се регистрирани 2 новозаразени и 6 оздравени пациенти. Овде има 158 активни пациенти на ковид 19. На ниво на држава од направените 3127 тестирања регистрирани се 1022 нови случаи на ковид 19.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

СЗБ Кочани: Љупчо Сантов, Раде Кратовче … ги уби Бугарскиот окупатор

Полемиката која се крена во државата, по интервјуто на Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, и реакциите, не ја одминаа ниту Општина Кочани. Имено, Претседателството на Сојузот на здружението на борците и продолжувачи на традициите од НОБ и антифашистичката борба од 1941 до 1944 година, на Кочани, денеска одржа состанок, на кој ја потврдија историската вистина дека војската на Царска Бугарија, како членка на Хитлеровската фашистичка коалиција, во Македонија влегле како окупатори. Притоа додавајќи дека, многу родољуби во тој период на окупација, биле затворани и измачувани во затворите. Некои…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Воспитувачка позитивна, десет деца во изолација

10 деца од воспитната група од 4 до 5 години од детската градинка Павлина Велјанова , објект „Цветови„ кај градскиот пазар од денеска се во изолација. Оваа информација денеска ја потврди директорката Едита Миткова, која инфомираше дека една од воспитувачките била позитивна на коронавирусот и поради тоа децата и другата воспитувачка од истата група од денеска имаат добиено решенија за изолација. Миткова информираше дека денеска е направена вонредна дезинфекција на просторијата на групата што е во изолација. Инаку состојбата во останатите објекти на ДГ Павлина Велјанова е стабилна,односно нема други…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Граната од Првата светска војна пронајдена во село Жиганци

Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица во Кочани било пријавено дека во местото викано „Горица„ во атарот на селото Жиганци при изведување на градежни паботи била пронајдена граната од Првата светска војна. Гранатата била подигната од страна на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Кочанец „на свој начин“ се раскусурил со Охриѓанец

Дваесет и двегодишен кочанчанец во придружба на уште две лица, вчеравечер, отишол кај жител на Охрид, кој најверојатно му бил должник, па откако физички го нападнале му одзеле извесна сума на пари и други вредни предмети, за да си го наплатат долгот. Случајот е пријавен околу 23:30 часот во Секторот за Внатрешни работи во Охрид. Охриѓанецот со иницијали Г.Г.П. бил на возраст од 46 години. Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Сте влегле ли во зградата на АТОМ ?

Кочанчани знаат дека најубавиот деловен објект во градот, па и на крајниот исток е Управаната зграда на некогашниот гигант Атом, фирма која се раситни и распродаде, главно за бадијала. Поедини капацитети од компанијата која броеше околу 1.800 вработени, и која беше една од жртвите на приватизацијата, практично никогаш не профункционираа. Меѓутоа, сведокот на најдобрите години на Атом, управната зграда, која сигурно е еден од најубавите деловни објекти на Истокот, истовремено е сведок и на пословичната негрижа кон капиталните инвестиции кои ги изградиле работниците. Одговорните во градот понекогаш се фалат со…

Прочитај повеќе