Пониква угости осумдесетина велеслаломисти
На „шарената“ патеката бр. 3, поради недоволно снег, на Пониква денеска се одржа „Осоговскиот велесламом 2021“. Во организација на Општина Кочани и на Скијачката Федерација на Македонија, се натпреваруваа 82 скијачки од Кочани, Скопје, Битола, Штип, Виница и други градови. И покрај сончевото време и високите температури изминатава седмица, патеката ги задоволуваше критериумите за скијачкиот настан. Во петте категории во машка и во женска конкуренција најуспешни беа: Нина Манасиева и Мартин Паниевски во категоријата цицибани; Ана Костова и Кирил Глигоров во категоријата деца; Сара Димитровска и Дарко Ставрев во категоријата…
Прочитај повеќе