ПОЛИТИКА 

Реакција од ОО на СДСМ

Почитувани, Градинката е изградена и опремена од локалната власт предводена од СДСМ со поддршка од централната власт. Тоа потврдува дека како партија отсекогаш сме биле посветени и во служба на секој еден поединец. Време е да престанете со спорен и нелогичен “транспарентен” настап кој го продавате пред јавноста и јавно да објаснете зошто, и на добиени согласности, не ги пуштате работните места? Кога и да немате соодветен партиски кадар вработувањето е невозможно?! Планот ви содржи низа вработувања кои не се во делокруг на работата на градинката, а се подредени и…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Трагедија во Италија: загинале момчиња од Кочани и Виница

ОД ВЧЕРА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ КРУЖИ ВЕСТА ДЕКА ВО ИТАЛИЈА, ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАГИНАЛЕ ДВЕ МОМЧИЊА, ЕДНОТО ОД КОЧАНИ, РОДЕНО 2004, А ДРУГОТО ОД ВИНИЦА РОДЕНО 2005 ГОДИНА. ВО ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈКА Е ПОВРЕДЕН И ТРЕТ СОПАТНИ ЧИЕ СЕМЕЈСТВО ПОТЕКНУВА ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА. ДО ТРАГЕДИЈАТА ДОШЛО ПРИ СУДАР НА ПМВ И ТОВАРЕН КАМИОН. Според информации од социјалните мрежи, кои базираат на црковни извори, во градот Ница Монферати во Италија, се случилна страотна сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило и товарно возило, при што животот го загубиле две млади момчиња од Македонија,…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани : „Граѓаните ке проценат кој работи а кој е вечен кочничар„

Почитувани сограѓани почитувани медиуми На одржаната вчерашна 16. Седница на Советот на Општина Кочани, членовите на советот од опозиционата СДСМ, независтиниот советник, како и советничката од редовите на Левица кои и покрај добиената согласност од Министерството за труд и социјална политика, не ја гласаа точката за Годишниот план за вработување ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023 година. Со оваа нивна негативна одлука, овие советници попречија и не создадоа услови за отварање на новата детска градинка со што покажуваат дека немаат интерес и дека не се грижат за згрижувањето на…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Започна новата учебна година -образованието во Кочани го започнуваат 327 првачиња

Вкупно 3 672 ученици денеска ја започнаа новата учебна година во Кочани. Од нив 1 037 се средношколци, а 2 635 се ученици во основно образование. Првиот училиштен ден беше посебно свечен за првачињата, кои годинава се 322. Училиштата создадоа пријатна атмосфера на прозивката пред првиот школски час, а со нив беше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој им посака добро здравје и успех во учењето. Директорите на сите училишта ја потврдија подготвеноста за почетокот на учебната година, а за сите првачиња Општина Кочани обезбеди пакет со основен училиштен прибор, одлука…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Летоци со сообраќајни поуки – дел од кампањата за јакнење на сообраќајната култура во Кочани

На почетокот на новата учебна година, Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“,   Полициската станица – Кочани и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата реализираат активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот и на сообраќајната култура воопшто. За таа цел, денеска на најфреквентните сообраќајници во Кочани, во близина на основните и на училишта, претставници од Полициската станица – Подрачно одделение за безбедност во сообраќајот – Кочани, внимаваа, им помагаа и со учениците делеа летоци на учесниците во сообраќајот. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов се придружи кон тимот учесници во активностите…

Прочитај повеќе