Опозицијата со масовен протест против предавничката политика на Заев и СДСМ

Продолжувајќи ја серијата протести низ државата опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска и во Кочани го крена својот глас против предавничката политика на актуелната власт предводена од СДСМ и Зоран Заев. Над 250 автомовили со членови и симпатизери на партијата, со знамиња и транспаренти со повици за оставка на Заев, откако се собраа пред Основниот суд, во колона предводена од полициско возило, се упати кон населбата Оризари, а од таму повторно се врати во градот. Долгата колона продефилира низ главните кочански улици, за да застане на градскиот плоштад, пред општинската зграда, каде одржа краток митинг, на кој зборуваа новоизбраниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Мирче Стојков и актуелниот пратеник во Собранието на Македонија, Миле Левков.

Историчарот Стојков истакна дека никој нема право да си поигрува со историјата на овој народ и да ја распродава во нерамнопарвни преговори кои го загрозуваат идентитетот, јазикот и другите посебности на македонскиот народ и македонската држава.

Пратеникот Миле Левков порача дека е најдобро оваа квислиншка валст што побрзо да биде тргната од политичката сцена во Македонија за да дојдат тие што знаат како се води држава и како се штитат нејзините интереси. И праша, со кое лице во иднина општинските власти ќе положуваат цвеќе на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче, кога тие што ги убиле ги нарекуваат ослободители,  како и на Споменикот на Слободата, кој ја симболизира слободата за која многу македонски снови го дале својот живот.

Сподели: