Дојде ли време да се плати цехот за Бугарските пасоши ?

Само за една декада, во периодот од 1 јануари 2010 до крајот на октомври 2020 година, дури 77 830 државјани на Република Македонија аплицирале за добивање бугарско државјанство, изброиле тамошните служби. И сите тие, или фрапантни 77 726 баратели навеле дека имаат бугарско потекло. Во тој период со бугарски државјанства се стекнале 65 675 Македонци со „бугарско потекло“.

Овие податоци деновиве ги објавила бугарската министерка за правда Десислава Ахладова на седница во парламентот одговарајќи на пратеничко прашања на Христо Гаџев од парламентарното мнозинство.

Бројките можеби не би предизвикале поголемо внимание да не се побарани од пратеник кој сака да прикаже спротивставено расположение помеѓу граѓаните и власта во Македонија, што се гледа од коментарот дека, додека Македонците сакаат да извадат бугарско државјанство, со кое стануваат граѓани и на ЕУ, политичарите во Северна Македонија водат недопустлива антибугарска политика.

Сподели: