За две кафани клуч, за сопствениците кривични

Полицијата вчера во 18:35 часот извршила контрола во угостителски објект во село Облешево, каде е констатирано непочитување на мерките за заштита од Ковид 19. Карактеристично за Облешево е што вчера таму е пазарен ден со зголемена фреквенција на луѓе. Покрај тоа, полицијата околу полноќ извршила контрола и во угостителски објект во Кочани, каде исто така е регистрирано непочитување на мерките за заштита од Ковид-19. Имено, во двата угостителски објекта, полициските службеници затекнале гости, што значи дека не се почитувало работното време, кое Владата го ограничи до 18:00 часот.

Од МВР велат дека по комплетирање на случаите, против одговорните лица во двата угостителски објекта ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Сподели: