Сламата во пламен-опасно се заканува
Ниту формални проекти финансирани со странски пари, ниту апели, ни казнени мерки го запираат палењето на сламата и стрништата во полињата во кочанско. Вчера и денеска и преку ден, и ноќе, пламени јазици се шират на неколку локации, кои прават комплексна штета, пред се еколошка, потоа материјална, а на крај и човечко морална. Насловната фотографија е направена вечерва во атарот на селото Грдовци, и тоа на оддалеченост од 4-5 километри. Денеска и вечерва постојано се слушаат сирени на противпожарната служба, која речиси два дена е ангажирана на гаснење на огнената стихија. Сето тоа го одсликува хаосот кој владее по ова прашање, но и немоќта на локалната власт да им застане на пат на несовесните земјоделци.
Вечерва во полињата и околу своите имоти и куќи будно стражарат и многу граѓани, кои стравуваат ветрот да не им го донесе пожарот во нивните дворови и да предизвика несогледиви последици