Илијев им ја честита Нова Година на кочанци

Почитувани сограѓани,

Најпосакуваното и најважното нешто – здравјето, беше најзагрозенo во 2020 година.

Пандемијата го загрози човештвото и во целост го промени текот на нашето живеење.

Здравствената криза сепак нѐ потсети дека семејството, сплотеноста и социјалната одговорност се најважни!

Во Новата 2021 година да си дадеме повеќе шанси да бидеме подобри, да се почитуваме, да се радуваме на нови остварени цели.

2021 година да биде поздрава, поуспешна, похармонична!

Почитувани сограѓани,

Ве повикувам да празнуваме одговорно, со максимално почитување на ги сите мерки за заштита. Да не дозволиме ризичното однесување да го платиме скапо.

Ви посакувам весели, среќни и божиќни и новогодишни празници.

Среќна и успешна нека е Новата 2021!

Сподели: