Преполовена таксата за преддуќанскиот простор
Во првите шест месеци од 2021 година фирмите кои користат простор пред деловните објекти, наместо по 10 ќе плаќаат по 5 денари за м2. Таква одлука за утврдување на висината на комуналните такси за подрачјето на Општина Кочани, во рамките утврдени со Тарифата од Законот за комунални такси, донесе Советот на општината на последната седница на крајот од минатата година.
Изменетиот член гласи: „За користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност од м2 дневно, од влегувањето во сила на оваа одлука до 30.06.2020 година изнесува 5 денари, а од 30.06.2021 година изнесува 10 денари“.
Кои се причините за ваквото времено преполовување на оваа давачка на дуќанџиите, нема образложение, иако може да се претпостави дека целта на предлагачот е да им се помогне на фирмите во Ковид кризата по неа.