Оваа година ќе изостане потопувањето на Светиот крст во Кочанска река

Утре православните верници го празнуваат големиот кристијански празник Богојавление, Водици. Оваа година поради пандемијата предизвикана од КОВИД 19 , ќе изостане потопувањето на Светиот крст во водите на Кочанска река. Отец Димитар Арсовски информираше дека во кочанскиот храм Св. вмч Ѓорѓи ке се отслужи литургија , а водосветот ќе се отслужи во црковниот храм.

Од православниот црковен храм апелираат до верниците да се запазуваат мерките за заштита и да се избегнат групирања.

Сподели: