Започна второто полугодие од учебната 2020/21 година

Во основните и средните училишта во Кочани започна второто полугодие од учебната 2020/21 година. Основните училишта подготвени за успешен старт на второто полугодие кое ќе се одвива според моделот од првото полугодие, односно учениците од одделенска настава од прво до трето полугодие со физичко присуство ,а останатите преку одржување онлајн настава. За време на зимскиот распуст во ОУ раде Кратовче се реализирани повеќе активности и набавена е дополнителна опрема за онлајн настава. ОУ Раде Кратовче набави 18 нови лап топ компјутери, извршена е редовната дезинфекција и дезинсекција на училишните простории, заменети се дотраените врати во училниците , а поставен е и оптички интернет за непречено одвивање на онлајн наставата.

Со почетокот на второто полугодие, наставниците кои досега одржуваа настава од дома, од денес наставата ќе ја одржуваат во училниците за што е обезбедено и греење на училишните простории.

По повод почетокот на второто полугодие од учебната 2020/21 година, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев го посети Подрачното училиште „Никола Карев“ во селото Тркање, каде со физичко присуство се учениците од одделенска настава.

Илијев истакна дека во сите училишта во Кочани се обезбедени потребните услови за реализација на наставата и дека таа секаде е започната, на начин определен од Министерството за образование и наука, според моделот од првото полугодие, што е во интерес и на наставниците и на учениците за зачувување на јавното здравје.

Во училиштето во Тркање неодамна заврши подновувањето на подот во сите училници и обновувањето на реквизитите од училишниот двор. Претходно беше извршена замена на прозорците и печките за огрев, а реновирано, оградено и подготвено за употреба е и повеќенаменското игралиште коешто се наоѓа во школскиот двор.

Сподели: