Градоначалникот Илијев оствари средба со Наумче Мојсоски

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев оствари работна средба  со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски.

Илијев и Мојсоски разговараа за потребите и можностите за инвестиции во спортски објекти и реализација на спортски манифестации во Кочани.

–Кочани има потреба од нови спортски капацитети, па со директорот на Агенцијата направивме кратка анализа на состојбите и потенцијалите и од двете страни: на  нашите  потреби, но и урбанистичките планови како основа за градење и на можностите на државата за поддршка на нови спортски објекти – соопшти по средбата градоначалникот Илијев.

Општина Кочани располага со близу педесетината спортски објекти, меѓу кои игралишта и терени за мал фудбал во градот и населените места, ракометни и кошаркарски игралишта, училишни спортски сали, повеќенаменски игралишта, гимнастичка сала,  фудбалски стадион, тениски терени.

Сподели: