Се градат четири крака на улицата „Кирил и Методи“ во Кочани

По изградбата нафекалната и на атмосферската канализација,избраниот изведувач „Ленди груп“ засилено ги подготвува за асфалтирањечетирите краци од улицата „Кирил и Методиј“, во вкупна должина од 732 метри.

–Деновиве, овој дел од Кочани е големо градилиште, а населбата веќе суштински го менува изгледот. Освен тоа што одговараме на потребната инфраструктура на која граѓаните чекале со децении, се создава можност за изградба на нови индивидуални објекти.Изведбата на канализацијата на овој потег во градот стручните служби ја оценуваат како една од најсложените градби и е еден од најскапите проекти – соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Изградениот канализациски дел ги зафаќа атмосферските и отпадните води од поширок простор над Белскиот Дол, од околината на Споменикот на слободата, сѐ до крајот на улицата „14 Бригада“.Со овој проекте изграден колектор со должина од 438 метри, кој веќе функционира и на кој е приклучена постојната фекална канализација.

За изградбата и на улицата и на канализациите се наменети 25 милиони денари.

Сподели: