Матурантите од СОУ Љупчо Сантов ја блокираа наставата
Матурантите од СОУ Љупчо Сантов од од почетокот на оваа недела се приклучија кон бојкот на наставата , а со тоа дадоа поддршка на Средношколскиот сојуз и на нивните барања за намалување на предметите за полагање на државната матура.
Оваа информација денеска ја потврди и директорот на СОУ Љупчо Сантов , Игор Христов, кој истакна дека училиштето се оградуват од одлуката за бојкотирање на наставата и ги повика средношколците да се вратат на настава, а своите права да ги бараат пред надлежното министерство и Државниот испитен центар.
Во СОУ Гошо Викентиев, наставата се одвива тековно и засега училиштето нема добиено писмено известување за бојкотирање од страна на матурантите, осве една група ученици кои во понеделникот и вторникот ја бојкотирале наставата, но веќе од вчера продолжиле да следат онлајн настава, информираше Тони Веколв, помошник директор на СОУ Гошо Викентиев.
Средношколците преку Средношколскиот сојуз бараат државната матура да се полага само по два предмети, односно мајчин јазик и предмет од областа на која матурантот планира да го продолжи образованието.
Надлежните од Министерството за образование информираат дека оваа генерација матуранти ќе полагаат според досегашниот концепт, а некакви измени се можни од наредната учебна година.