ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Реваншизам и непрофесионални преместувања
Почитувани!
Партискиот реваншизам на локалните структури на СДСМ кои се на високи позиции во Кочанската полиција зема се поголем замав.
Министерот ги деморализира вработените во МВР и заедно со неговите локални шерифи си поставува подобни кадри на високи позиции, а сите оние кои ќе ги именуваат како ,,проопозициони” ги тргаат од хоризонт, ги преместуваат во други градови и им се намалуваат чинови без преседан. Ова не било никогаш!
Долгогодишни вработени во МВР со големо искуство и заслуги се преместуваат без причина и реална основа, само затоа што имаат храброст да застанат против неправдата и непрофесионалноста.
Ова е црно време за сите професионалци во сите дејности и фели. Примери за прераспределби на вработени во државни институции имаме секој ден, за да на нивно место се постават сервилни кадри на партијата.Полицијата е крајно демотивирана, и тоа е причината за лошата реализација, а со тоа и ниското ниво на безбедност во државата.
Рекетот, убиствата и разбојништвата ќе остануват и понатаму нерасчистени, така што сериозно е отворен сомнеж дека раководството го прави сето ова се со цел заштита на своите штитеници и контрола на политичкиот терен.
Ова граѓаните го знаат добро, а веќе се охрабрени пред наездите на лошите политики.
ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани