ЈОУ „Библиотека Искра„ до одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
ЈОУ Библиотека Искра во соработка со ОУ Никола Карев, денеска реализираа неколку активности преку кои го одбележаа 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Покрај кејот на реката група ученици делеа книги и оставаа пораки за значењето на мајчиниот јазик.
Идејата и целта на прославувањето на денот на мајчиниот јазик е да се промовира секој мајчин јазик, но да се негуваат и другите јазици во светот. ЈОУ Библиотека Искра во соработка со ученици од ОУ Никола Карев на случајни минувачи делеа книги од познати автори и оставија пораки за значењето на мајчиниот јазик. Координатор на проектот е Кристина Ѓорѓиевска Атанасова.
Настанот се одржа на отворен простор, почитувајки ги мерките и протоколите за заштита од коронавирусот.