Министерската Мила Царовска на средба со директорите на средните училишта и претставници на приватни компании

Министерската за обеазование и наука, Мила Царовска денеска престојуваше во Кочани, каде оствари средба со директорите на средните стручни училишта и претставници на реалниот сектор од општините Кочани и Виница,каде разговараа за отворање на нови образовни профили во наредната учебна година.  Под мотото Учи паметно, работи стручно во Мултикултурниот центар во Кочани се отвори дебата со претставници од приватни компании на која се истакна значењето на стручното средно образование и соработката со компаниите.

-Со јакнење на соработката и довербата помеѓу стручните училишта и реалниот сектор можеме заеднички да создадеме квалитетно средно стручно образование. Во светот овој модел на дуално средно стручно образование дава добри ефекти. И нашите компании треба похрабро да влезат во обуките за потребни вештини на учениците. Дебатите се одвиваат успешно, во голем број општини е договорено отворање на 2-3 дуални паралелки. Модуларното средно стручно дава можност за комбинирање во една паралелка на неколку профили”, нагласи Царовска.

Градоначалникот Николчо Илијев го истакна значењето на обезбедување квалитетна работна сила без која компаниите тешко можат да се борат со прибирливиот пазар.

 -Доцниме со унапредувањето на средното стручно, и затоа треба сите да соработуваме за да час поскоро добиеме образование што е потребно, не само на Кочани туку и на цела држава”

И во Виница се очекува да има интерес за отворање на нови дуални паралелки, изјави градоначалникот Ивица Димитров

Министерството за образование и наука веќе спроведе анализа во која учествуваа 450 компании од цела држава, од кои дури 85 % искажаа подготвеност да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава. Стекнувањето на употребливо знаење кај младите е многу значајно и од аспект на зголемување на економскиот потенцијал, и затоа локалните самоуправи се посебно заинтересирани за прераснување на средните стручни училишта во силни генератори на потребни профили на кадри.

Сподели: