Осогово формираше клуб во Англија и започна со натпревари

За работата на социјалните мрежи и дигиталниот маркетинг од страна на ГФК Осогово нема потреба да зборуваме. Впрочем екипата од Кочани започна и на терен да ги прикажува квалитетот откако викендов одигра реми во Штип против фаворитот Брегалница и приреди големо изненадување.

Од „жолто-сините“ пред неколку месеци беше најавено дека група фанови на Осогово во Англија планира да формира клуб, што сега и официјално е потврдено.

Имено, група од околу 150 Англичани, симпатизери на Осогово од Портсмут, до толк многу го засакале македонскиот клуб, што и тие си формираа свој клуб со истото име, но со придавката ГР пред Осогово.

Помош за помладиот брат, ГР Осогово пристигна од кочански Осогово кој донираше спортска опрема, додека дечките од Англија успеале со неколку локални компании да состават буџет, за терен, за службени лица, за патување и за друг трошоци.

Па така ГР Осогово викендов го имаше своето официјално деби во натпреварувачки систем откако го одигра првото коло во во најниското регионално натпреварување, „Сандеј лигата во регионот Госпорт“. Притоа тимот е составен исклучиво од англичани, аматерски фудбалери и без нуту еден играч од нашиве балкански простори.

И дечките од Англија не заостануваат зад матичниот Осогово, оној од Кочани кога станува збор за медиумската застапеност и работата на социјалните мрежи.

Тие подготвиле и хајлајтс од првиот официјален натпревар. Просто да му подзавидат на Осогово сите наши клубови за работата што ја работата.

На крај, но не и толку неважно. Осогово има и фан база, од Шпанци од градот Картагена, па нема да биде изненадување доколку се роди и фудбалски клуб во Шпанија.

Сподели: