Соопштение – ОО СДСМ Кочани

Почитувани,ДПНЕ револтиран за новооворената модуларна болница во Кочани – уште еден доказ дека не им мисли добро на граѓаните
Почитувани сограѓани,
Општа болница во Кочани ги прошири своите капацитети за лекување на болни од Ковид-19 со модуларната болница со 30 легла.
Во период на нов наплив на заразата, на тешка борба со пандемијата, опозициската ДПНЕ на грд, недостоинствен и кукавички начин се обиде да го минимизира она што е направено за доброто на граѓаните во Кочани и во регионот.
Начинот на кој го „поздравија“ новиот болнички капацитет во Кочани повторно им ги тргна маските со нивната „загриженост“ за јавното здравје.
Дојдоа да го прашаат министерот Филипче, зошто доцнела изградбата на модуларната болница, а заборавија дека токму нивните наредбодавачи во партијата намерно ги блокираа проектите од јавен интерес. Врвните луѓе од општинскиот огранок заборавија, но медицинарите вечно ќе им ги паметат понижувачки плати во здравството, поради што си заминаа во странство. Сега им пречат новите 30 легла во модуларната болница, новата медицинската опрема, возилата, им пречи тоа што ниту еден пациент не останува без соодветна здравствена заштита. Ова е уште еден доказ дека ДПНЕ не им мисли добро на граѓаните!
Затоа ги повикуваме – да не си играат со јавното здравје, затоа што така преземаат огромен ризик. Здравствениот систем ќе продолжи да се зајакнува!
ОО СДСМ Кочани

Сподели: