Прес конференција на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Г-не Министер!

Како очекувате да профункционира Монтажната Ковид болница кога не функционира веќепостоечката?

Една година поминавме во пандемија, доаѓа трет бран а на Вас сега ви текна дека имаме потреба од Ковид болница?

Дали знаете дека кочанската болница веќе подолг период е со одделенија по двајца специјалисти?

Еве хирургија, еден е Директор а другиот Претседател на совет…како функционираат?

Во услови на Корона криза еве што ние немаме и немавме:

-Немавме Анестезиологија 24/7.

-Немаме болничари во најударните одделенија, Пр.Интерно, само до 15 часот, зошто?

-Во вечерните часови нема хигиеничари, нема болничар, нема лабораторија, нема рентген, само лекар, техничар или сестра и еден куп пациенти.

Нема Дијагностика, нема централа, нема најава на пациенти, станавме болница од затворен тип.

-Немавме и немаме опрема а се потпираме на донации?! (а Директорот со соопштение наредува користење на заштитна опрема?!

-Немаме вакцини, а и оние кои ги има се по наредба.Имате од 252-ца вработени во Општа болница само десетина вакцинирано?!

И за крај Г-не Министер, како очекувате да профункционира Модуларната Ковид болница кога не функционира Општа болница??

ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани

Сподели: