Полицијата работи на расчистување на случајот во Трајаново Трло

Секторот за внатрешни работи Штип (СВР-Штип) излезе со информација во врска со инцидентот што вчеравечер се случи во населбата Трајаново Трло во Кочани.

Како што информираат од полицијата „на 11.04.2021 во 20.40 часот во Полициската станица Кочани, М.И.(43) од Кочани пријавила кривично правен настан.

Според пријавеното во место викано „Трајаново трло“ во Кочани, пред нејзината куќа, поголема група на граѓани физички ги нападнале нејзините роднини (соседи).

Од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани веднаш е запознат Јавен обвинител и е излезено на местото на настанот.

Изврешен е увид и по добиени насоки од Основното јавно обвинителство Кочани се преземаат мерки за идентификација и повикување на разговор на сите учесници во настанот.

Се работи на целосно комплетирање и документирање на случајот по што против сите учесници во физичката пресметка ќе биде поднесена соодветна пријава„ стои во соопштението на СВР-Штип

Сподели: