НЛБ Банка донираше девет компјутери за ученици во социјален ризик
Општина Кочани денеска ја прими донацијата од НЛБ Банка – девет компјутери,лаптопи со ранци, коишто ќе бидат наменети за ученици од кочанските училишта.
На средбата со претставниците на раководниот тим на кочанската филијала на НЛБ, градоначалникот Николчо Илијев се заблагодари за поддршката во реализацијата на наставниот процес во услови на пандемија.
Советот на Општина Кочани на идната седница ќе донесе одлука за распределување на компјутерите според потребите на учениците, во согласност со техничките карактеристики на донираните електронски уреди.
Донацијата ево вредност од 268.380 денари.