Оризарска Река побелена-загадувачот ќе се бара

Претставници на стручните служби од општината и градоначалникот Николчо Илијев денеска извршиле увид на Оризарска Река, откако било пријавено загадување на водата, што можело да се констатира од сменетата боја. Бидејќи не се знае од каков вид е загадувањето, ќе биде побарано од државниот инспекторат за животна средина да се испитаат евентуалните хемикалии и предизвиканата штета, а против загадувачите да биде покрената соодветна постапка.

Од можни последици од загадувањето стравуваат и земјоделските производители кои располагаат со земјоделско земјиште од двете страни на Оризарска Река, од чии води деновиве се очекува да започне полнењето на оризовите површини и сеидбата на оризовата култура.

Врз основа на досегашните искуства со еко инцидентите на Оризарска Река, каде во изминатите година-две беа регистрирани сериозни помори на риби, може да се претпоставува од кои индустриски капацитети доаѓа загадувањето, но сепак последниот збор и во овој случај ќе го имаат надлежните инспекциски служби.

Сподели: