Разбојништвата во Усова чешма, Трајаново трло и Шатровиќ продолжуваат со уште посилен интензитет
По неодамнешните немили настани кога добро организирана криминална група дивееше низ населбата Трајаново Трло сакаме да ја известиме јавноста дека разбојништвата продолжија и денес.
Во сред бел ден, на лице место, беа затечени малолетни разбојници кои провалија во куќа во нашата населба и беа фатени од сопственикот којшто во тој момент се наоѓал во својата куќа. Беше повикана полиција и се очекува да се огласат надлежните за мерките кои се преземани.
После само неколку часа, во населбата Трајаново Трло исто така се фатени тројца малолетни разбојници од страна на сопственикот на куќата во која разбојниците дрско провалиле. И за овој случај беше известена полицијата и како и обично се очекуваат резултатите.
Ги повикуваме надлежните органи да ги преземат сите можни мерки за конечно да се стави крај на овие кривични дела кои не ни ги уништуваат животите. Секојдневно сме под напади на крадци и разбојници кои на најбезобразен и дрзок начин вршат тешки кривични дела.
Ќе бидеме приморани да нашето незадоволство го искажеме преку еден народен и масовен мирен протест низ кочанските улици. Очигледно дека писмените апели не вродуваат со плод и криминалот е оставен на најјако.
14.04.2021.
Од
Жителите на населба Усова Чешма