Изгоре куќа во центарот на градот
Две противпожарни возила, пожарникари и граѓани, речиси еден час се бореа со огнената стихија, која избувна во семејна куќа на Улицата Д-р Николиќ во центарот на градот. Густа чад од куќата започна да се шири околу 18,30 часот, за набрзо огнените јазици да се рашират во целиот објект и под кровот. Брзата интервенција на противпожарната служба спречи пожарот да се прошири, посебно имајќи во предвид дека се работи за густо населена улица, каде куќите практично се залепени една до друга. Некаде околу 19,30 часот пожарот целосно е изгаснат.
Според првичните информации, пожарот избувнал во помошна просторија, од која брзо се проширил и на горниот дел од семејната куќа. Токму тој дел е целосно изгорен и е предизвикана значителна материјална штета, која допрва ќес се проценува. Се претпоставува дека кога се запалила помошната просторија, во куќата немало никој. Меѓутоа, пожарот кој го зачади цел град, преплаши повеќе непосредни соседи, кои стравуваа огнената стихија да не се прошири и на нивните објекти.