Започна наводнителната сезона

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ПОЛЕТО „С,ЗЛК“ ДЕНЕСКА ГИ НАПОЛНИЈА НИВИТЕ СО ВОДА ЗАФАТЕНА ОД КОЧАНСКА РЕКА, ОЗНАЧУВАЈЌИ ИСТОВРЕМЕНО ПОЧЕТОК НА НАВОДНИТЕЛНАТА И СЕИДБЕНАТА СЕЗОНА. ОД ВОДОСТОПАНСТВО БРЕГАЛНИЦА НАЈАВУВААТ ОПТИМАЛНИ КОЛИЧИНИ ВОДА И КВАЛИТЕТНО НАВОДНУВАЊЕ ЗА УСПЕШНА ПРОИЗВОДСТВЕНА СЕЗОНА. ПОВРШИНИТЕ ПОД ОРИЗ ПРОЛЕТВА ЗГОЛЕМЕНИ ВО ОДНОС НА ЛАНСКИТЕ. КАНАЛИТЕ И ВАДИТЕ СЕУШТЕ СЕ ЧИСТАТ, НО ВОДА ЌЕ ДОБИЈАТ СИТЕ НА ВРЕМЕ.

Со зафаќање на водата од Кочанска Река и пуштањето во полињата заради полнење на нивите, денеска практично започна овогодишната наводнувачка сезона. Први вода добија земјоделците во место викано „с,злк“, каде агротехнички подготвените ниви се наполнија и се целосно подготвени за сеидба. На отворањето на наводнителната сезона присуствуваа Директорот на платежната агенција за развој на земјоделието, Никица Бошевски, и директорот на Водостопанство Брегалница Дени Митров, кој истакна дека се создадени сите предуслови за успешна наводнителна сезона, бидејќи реките се задоволителен проток, а Акумулацијата Калиманци е полна.

Поволната ситуација со резервите вода создадоа предуслови за зголемување на површините под ориз, што значи и поголемо вкупно производство на арпа, односно ориз.

Тој исто така најави дека иако дел од каналите и вадите сеуште не се исчистени, сепак сите водокорисници на време ќе добијат вода и ќе ги имаат сите услови за квалитетна реколта.

И покрај променливото време, земјоделците успешно ги извршија агротехничките подготовки за површините за сеидбата на оризовата култура, при што предвидуваат дека сеидбената кампања интензивно ќе се реализира во периодот од 15 април до 15 мај.

Сподели: