Дербито ФК „Слога 1934“-ГФК „Осогово“ – в петок

В ПЕТОК, НАМЕСТО ВО САБОТА ВТОРОЛИГАШИТЕ НА ИСТОКОТ ЌЕ ГО ОДИГРААТ 25-ТО КОЛО, ВО КОЕ МОЖЕБИ НАЈИНТЕРЕСНО Е КОМШИСКОТО ДЕРБИ ПОМЕЃУ СЛОГА 1934 И ОСОГОВО. ДВЕТЕ ЕКИПИ СЕ СИГУРНИ НА СРЕДИНАТА НА ТАБЕЛАТА, АМА ПРЕДИЗВИКОТ Е КОЈА ЌЕ БИДЕ ПОДОРО ПЛАСИРАНА НА КРАЈОТ ОД ПРВЕНСТВОТО.

Натпреварите од 25-то коло на Втората фудбалска лига Исток наместо во сабота, на 1. Мај, ќе се играат в петок, на 30 април, со почеток во 13 часот. Поместувањето на терминот е поради првомајските празници и поврзувањето на неработните денови.Распоредот на третиот круг од тековното првенство сакаше на градскиот стадион Филип Втори во Виница силите да ги одмерат Слога 1934 и Осогово, во комшиското дерби. Виничани заостануваат два бода зад Осогово и сигурно ќе атакуваат на победа за да го престигнат лутиот ривал. Меѓутоа во пресрет на дербито го имаат хендикепот со неиграње на шпицот Бујчевски, кој бил позитивен на Ковид 19 и е во изолација до 2. Мај.

Осогово сигурно нема да оди со бело знаме во Виница, бидејќи на овие две екипи кои цврсто ја држат средината на табелата, единствен предизвик им е која ќе биде подобро пласирана на крајот од првенството. Како и да е, в петок се очекува интересен и неизвесен натпревар. Да потсетиме дека во рамките на второлигашкото првенство, во првиот натпревар во Кочани, дуелот заврши со резултат 1.1, а во Виница Слога славеше со 3:0.

Сподели: