ОК на ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на пресот на ОО на СДСМ

Почитувани, Министерката Мила Царовска или неразбира или не сака да разбере! Преку нејзините гласноговорници ни објаснува колку е добра дигитализацијата и дигиталните учебници. Фала ѝ, не треба, знаеме! Учениците, родителите и наставниците бараат покрај дигиталните и печатените учебници, да се овозможи на секое дете да има бесплатен интернет во домот, солиден дигитален уред и нормално, бесплатна струја. Оваа учебна година Министерството го истера врз грбот на родителите, наметнувајќи им трошок. Она што треба Министерството да го обезбеди од својот буџет за училиштата и учениците им го префрли на родителите, за да денес нѐ
убедуваат колку е добар дигиталниот учебник.

Па ве прашуваме:
Дали ученик од прво, второ или трето одделение може само, без професионална поддршка да се снајде со тој дигитален учебник?
Дали знаете дека компјутерската опрема застарува за 3-4 години?
Дали знаете дека според потребата од дигиталната опрема, цената на дигиталните уреди се покачуваат?
До кое дереџе дојдовме, зар за книга да молиме?
Министерке, погледнете и на реалноста во очи! Потребни се реформи во образованието, но издржливи, реални и без дополнителен терет и на така осиромашените родители. Образованието не се реформира за година, две, треба долгорочно вложување во него, а се докажа дека книгата не само што е подостапна за учење на децата, туку е и потрајна од дигиталниот уред.
Ова кое инаетливо го туркате, не е реално и е осудено на пропаст!

Комисија за образование при ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: