Новиот закон ќе донесе развој на дигиталните вештини кај учениците, наставниците …

Почитувани родители, ученици, граѓани, Министерството за образование и наука останува на ставот за носење на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација.

Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста, би сакале да Ви укажеме дека овој закон за учебници е усогласен со стратешките документи и препораки донесени од страна на Европската комисија кои се однесуваат на образованието и  дигитализацијата како „Обликување на дигиталната иднина на Европа“, во чиј фокус се развој на дигиталните вештини на учениците, креирање и употреба на дигитални и наставни материјали, развој на едукативни платформи, развој на дигиталните вештини на наставниците и трансформација на училиштата во средини во кои се негуваат и развиваат дигиталните вештини и компетенции на учениците со крајна цел поголема инклузивност и зголемување на квалитетот на образовниот процес.

Здравствената криза го стави учењето од далечина во центарот на образовните практики. Тоа ја истакна потребата од унапредување на дигиталното образование и негово третирање како клуч на стратешка цел за висококвалитетно учење и учење во дигиталното време. Како што ќе се надминува фазата на вонредна состојба наметната од избувнувањето на пандемијата, така ќе расте потребата од развивање стратешки и долгоречен пристап кон дигиталното образование и обука.  Спомнатите иницијативи ќе треба да понудат начини за подобрување на квалитетот, особено во однос на основните и дигиталните вештини, да го направат училишното образование поинклузивно и родово чувствително и да ги подобрат постигањата на учениците.

Испраќаме апел и ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност, кои се однесуваат на Законот за учебници и работата на Министерството за образование и наука.

Со почит, Комисија за образование на ОО СДСМ Кочани

Сподели: