Во понеделник започнуваат уписите на првооделенците во основните училишта

За наредната учебна 2021/22 година ќе се запишат 412 првачиња, според официјалниот список од МВР. Уписите започнуваат во понеделник а сите родители ќе добијат покана за терминот и денот кога да ги запишат децата. По пристигнувањето на официјалниот список, денеска во ОУ Раде Кратовче се одржа работен состанок на директорите на основните училишта и градоначалникот Николчо Илијев на кој главна тема беше уписот на првооделенците.

Лилјана Арсова, советник за образование во Општина Кочани изјави дека радува податокот што оваа година има поголем број на првооделенци во споредба со претходната.

  • Бидејки многу беше дилема дали ке има доволно првачиња , за јавноста да кажам дека и оваа година ќе се запишат доволен број првачиња ,дури бројката од минатата година , согласно списокот е повисока со тоа што ни дава за право да кажеме дека повторно училиштата ќе ни бидат полни со првачиња. Сакам да казам и дека во сите подрачни училишта е зголемен бројот, дури и во населени места каде што минатата година немаше запишано првачиња, сега ги има на списокот.

Уписите оваа година ќе се изведуваат на два начина, преку електронска апликација која е објавена на официјалната страна на Министерството за образование и наука, но и во училиштето со носење на потребната документација. Родителите навреме ќе бида информирани за тоа кои документи се потребни при упис на нивните деца и за термините и денот на запишувањето.

Од училиштата апелираат до родителите да ги запазат мерките и протоколите за заштита од КОВИД 19.

Сподели: