Виница домаќин на караванот на промоции на економска понуда
Караванот на промоции на економска понуда кој економските промотори од земјава во светот го извршуваат ширум Македонија, вчера го продолжија и во Општина Виница. Економските советници од Обединетите Арапски Емирати – Бекри Ајдини, Германија – Абдилџемил Саити, Турција – Сузана Тунева и Полска – Илија Псалтиров, како и директорот на Директорат за економска и јавна дипломатија – Игор Попов, имаа работен состанок со градоначалникот на Општина Виница – Ивица Димитров и секретарот на Општина Виница – Митко Илиевски.
Целта на оваа активност беше да се запознаат можностите и капацитетите за инвестиции, извоз и туристичка понуда.
На состанокот од страна на градоначалникот Димитров им беше презентирана Стратегијата за развој на туризмот во Општина Виница 2020-2024 каде акцент се даде на можностите за развој на бањскиот туризам како локално и регионално природно богатство. Се презентираа и сите значајни културни настани кои се одржуваат во Општината и кои допринесоа Општина Виница биде избрана за Град на култура за 2019 година. Тие исто така го посетија и музејот ,,Теракота” и се запознаа подобро со историјата на нашиот град кој е надалеку познат по единствените и уникатни теракотни икони.
Информативната тура на економските советници започна на 29.05.2021 година и ќе трае се до 05.06.2021 година.