Изборите за градоначалници и советници најверојатно на 17 октомври

На крајот на јули или на почетокот на август ќе бидат распишани локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври, најави претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери. Тој претпостави дека точниот датум би можел да биде на 17 октомври, иако тоа би значело мало преклопување на предизборната кампања со пописот, чиј финиш е заклучно со 30 септември.  

Иако до стартот на изборната кампа има речиси четири месеци, партиските штабови веќе го активираа членството и активистите, кои се подготвуваат за работа на терен и „обработка“ на гласачкото тело. Партијата на власт ја користи позицијата за зголемена реализација на проекти токму во предвечерието на изборите, со цел да го подигне рејтингот, кој е предуслов за постигнување на постигнатите резултати.

Сподели: