Форумска сесија од проектот„Зајакнување на општинските совети„

Општина Кочани ги поканува сите граѓаните да учествуваат на проектен форум кој се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Кочани.

Петтата форумска сесија ќе се одржи на ден 29.06.2021 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во холот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, во Кочани.

На петтата форумска сесија учесниците на форумот ќе имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проектот и останатите проекти и препораките од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација од проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада. Исто така, ќе имаат можност останатите предлог- идеи и решенија произлезени од форумот за подобрување на животот во заедницата да ги упатат како препораки од форумот до општината за можност за нивна реализација.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците  на  институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе даде  голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум во општина Кочани.

Сподели: