Времен режим на сообраќај на „Тодосија Паунов“
В сабота, на 26 јуни 2021 г., поради асфалтирање на кружниот тек кај Автобуската станица Кочани, ќе се применува времен режим во сообраќајот.
Заради непречено извршување на градежните работи, се повикуваат сите учесници во сообраќајот, посебно транспортните превозници, во периодот од 9 до 16 ч. да ги пренасочат своите движења во други правци.
Поради градежени работи, од понеделник, 28 јуни 2021 г. се воведува времен режим на сообраќајот на булеварот „Тодосија Паунов“.
Сообраќајниот режим се менува поради рехабилитација на левиот крак на „Тодосија Паунов“, на потегот од кружниот тек кај Полицијата во Кочани до потегот на кружниот тек кај Стопански двор на „Водостопанство“.
Се повикуваат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат измените и поставената сообраќајна сигнализација. Возачите да бидат стрпливи и со зголемено внимание кон пешаците.