Илиев „го покори“ и „Калиманци“

НЕВЕРОЈАТНИОТ БОШКО ИЛИЕВ ОД КАВАДАРЦИ ВИКЕНДОВ ГО ПРЕПЛИВА 7 КИЛОМЕТРИ ДОЛГОТО ЕЗЕРО „КАЛИМАНЦИ“ И Е СЕ ПОБЛИЗУ ДО ЦЕЛТА ДА ГИ ПРЕПЛУВА СИТЕ ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА ВО ДРЖАВАТА. МАРАТОНЕЦОТ ПОТСЕТУВА ДЕКА ОВИЕ БОГАТСТВА ВООПШТО НЕ СЕ ИСКОРИСТЕНИ ОД РЕКРЕАТИВНО-ТУРИСТИЧКИ АСПЕКТ

По сончево и топло време, за околу 3 часа пливање, вчера кавадарецот Бошко Илиев го покори и едум километри долгото вештачко езеро Калиманци, кај Македонска Каменица Докторот по спортска медицина претходно ги препливал поголем дел од македонските природни и вештачки езера, по што е единсвен во државата.

Маратонот на Калиманско езеро му е 94-ти по ред и е 23-ти настан на 14-то езеро во Македонија. Целта му е да ги исплива сите природни и вештачки акумулации во државата, а во таа мисија му останаа уште 5-6 помали и погол.еми езера

Покрај другите пораки, кои ги испраќа до јавноста со своето пливање, Илиев ги потсетува одговорните дека бројните вештачки езера речиси воопшто не се искористени од рекреативно-туристички аспект, и затоа тој сака да го сврти вниманието кон нив и потенцијалите кои тие ги нудат.

Сподели: