Вработувањата во училиштата за 2022 г. пред советниците
На дневниот ред на утрешната 59 седница, советот на Општина Кочани се поместени вкупно девет точки за кои ќе расправаат советниците. Седницата ќе започне со Предлог- планот за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година, по што следуваат Годишните планови за вработување во 2022 година на СОУ „Љупчо Сантов“, на ООУ „Малина Попиванова“- Кочани за 2022 година, на ООУ „Крсте Петков Мисирков“- с. Оризари, и на ООМУ „Ристо Јуруков“.
Се очекува советниците да ја изгласаат и Предлог – одлуката за продолжување на работното времена угостителските објекти на подрачјето на Општина Кочани, како и Предлог- одлуките за сопствено учество – кофинансирање на проектот од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2, и за изменување на Одлуката за сопствено учество – кофинансирање на проектот „ Изградба на локален пат мв.Крушка – мв.Ајдар втор дел “ и за давање на трајно користење недвижна ствар, сопственост на Општина Кочани, без надоместок на ООМУ„Ристо Јуруков“- Кочани.
Седницата ќе се одржи во салата на МКЦ, со почеток во 8 часот.