Ќе ја одбранат ли кочанци Мала Река од олигарсите?

Помеѓу твитовите на Тајм, објавени денеска стои и тој на META.mk@meta_agency, kаде стои дека „Според активистот Садик Абдирахими, хидроцентралите ги градат олигарси поврзани со владејачките партии. Тој вели дека многу реки на #Шара се уништени со оваа изградба.

Ваквата изјава на овој активист може да претставува сериозен аларм и за локалните фактори да ги активираат сите механизами за да се спречи изградбата на мини хидроцентралата на Мала Река, бидејќи сите искуства и стручњаците од оваа сфера, велат дека таквите енергетски капацитети се со мал финансиски ефект, но со голем еколошки контраефект. Во таа насока и предлогот на денешната седница на Советот, во август да се изгласа одлука за референдум за граѓаните да можат да се изјаснат „за“ или „против“ нејзината изградба.

Сподели: