Општина Кочани ја подобрува енергетската ефикасност во училиштата и градинките
За подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти, од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година на Генералниот секретаријат, Општина Кочани доби 2 милиона денари.
Според одговорните служби од Општината, износот е добредојден и ќе биде наменет за замена на надворешни и внатрешни прозорци и врати во основни – централни и подрачни училишта и вообјектот „Бамби“ на Детската градинка во Кочани.
– Средствата што ги добивме преставуваат надградба на општинскиот буџети наопштинските мерки за заштита на животната средина и значајноќе помогнат да ги комплетираме позициите што ќе влијаат на подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти – соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Минатата година од Програмата за намалување на аерозагадувањето на Генералниот секретаријат, Општина Кочани доби 30 инвертер-клими за основните училишта „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“.