Или исплата на сите побарувања, или блокади на патиштата

Близу 60 отсто од ланскиот ориз произведен во кочанско не е откупен, а скоро ќе започне жетвата од годинашнава реколта, беше речено на денешниот петровденски предупредувачки протест во Прилеп на сточарите, градинарите, тутунарите, лозарите, пчеларите,  млеко и оризо производителите. Сите заедно побараа владата да ги исплати заостанатите субвениции во земјоделците, но и парите од мерките и ковид подмерките наменети за нив. Истовремено апелираат итно да се повлече законот и државното земјоделско земјиште да не се продава.

Лозарите се пожалија на проблемите кои не се решени од лани. Според нив, реално сега просечната откупна цена треба да биде 18 денари за килограм грозје.

Од страна на земјоделците на адреса на надлежните веќе се испратени барањата за кои се очекува итен одговор. Во спротивно, ако во разумен рок не се добијат бараните одговори и не се решат основните проблеми, тогаш организаторите и учесниците најавуваат дека ќе има континуирани блокади на патиштата.

Сподели: