Соопштение од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани : Кочани останува без капитални инвестиции!
Блискоста на Николчо Илијев со високи функционери на СДСМ не е тајна, напротив, Градоначалникот во јавноста секаде се труди тоа да го потенцира. Досегашното искуство покажа дека и промовирањето на личните бизниси на Николчо Илијев се пропратени со Елитата од СДСМ.
Кочанчани не се наивни и го препознаваат фактот дека Централната власт на СДСМ не троши ресурси за крупни проекти кои се од суштинско значење за градот и се важни за функционирањето на општината. Едно време, пред едни избори ветуваа планини и долини, ама ништо од сето тоа. Ветуваа гасификација, театар, старечки дом, мостови, затворен базен, сообраќајници, патишта…а единствено што направија за градот е, еден голем хаос! Ветуваа чиста вода и чист воздух, плаќаа ,,паркобрани”, а всушност само сееја ветер и магла. И сега градоначалник: Каде е ветената гасификација која беше ,,лајт мотив’’ во кампањата во 2017 година? Што се случи со изградбата на браната Речани ? Каде во Кочани има странска инвестиција ,налик на Амфенол и Антура а да се донесени од Вас? Како го решивте проблемот со старите лица во Кочани?Или почнувате со изградба на вториот старечки дом?
За жал вистината покажа сосема друга слика на градот и голема некадарност на локалната власт. Наративот на Илијев за важни проекти во градот се повеќе смешни, и во облик на кружни текови кои се непрофесионално изведени и пренатрупани во голем број. За изградба на 50 метри улица повикувате министер за Транспорт и врски кој треба да ја потврди лагата дека правите нешто важно за градот Кочани. Наместо прогрес и напредок, Вие Г-да го запустивте градот. Затоа, секој глас даден за Николчо Илијев е глас даден за Зоран Заев. ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани