Трајаново трло повторно на удар на познатиот деликвент  – има ли закон за овие лица

Почитувани наши сограѓани, поучени од неодамнешните немили настани, кои за жал последните денови повторно зачестија, чувстуваме потреба повторно да се огласиме.

Пред се оваа наша реакција сакаме да ја искористиме да ги предупредиме нашите сограѓани за поголема ажурност и внимание поради појавувањето на се почестите кражби.

Имено, последните неколку дена сме сведоци на неколку ограбени домови, како и обид за провалување во уште неколку куќи во нашата населба. Притоа исто така беше нарушен јавниот ред и мир по една сообраќајна несреќа поради управување на се повеќе технички неисправни возила, а зад чии волан седат лица без возачка дозвола. Нивното дивеење од ден на ден станува се поевидентно.

Но да не се одалечуваме од главниот проблем на кој ќе ставиме главен акцент, а тоа се кражбите.

Во изминатите пет дена, сведоци сме дрски грабежи и провалување во куќи. Во двата наврати ајдукот е затечен на лице место, поточно на бегање и е идентификуван. Станува збор за добро познато лице на органите на редот и мирот, поточно деликвентот Д.И. кој прави пустош не само во нашата Општина, туку и пошироко.

За истото тоа лице, за кое одредени политички фигури сакаа да направат меѓуетинчка нетрпеливост, нешто кое за среќа не и успеа, очигледно законот не важи што јасно се гледа, а тоа е крајно загрижувачки.

Јавно прашувме, има ли орган, институција која ќе се погрижи ова лици со цел да го спречи неговиот поход на туѓ имот. Воедно од наши добро упатени извори, поткрепени со докази, дознаваме дека истото лице соработува со неколку други полнолетни лица кое му помагаат при кражбите, поточно насочувањe, носење со возило до локациите, а потоа и земање на истото лице.

Иако не сакаме да веруваме, се повеќе се сомневаме дека можеби ова лице намерно се праќа со цел да предизвика нови немир. Уште повеќе ова го поткрепуваме со фактот дека изминатите денови влегло или се обидело да провали во дворовите кај нашите сожители против кои се води постапка токму поради наводно дело врз истиот деликвент.

Ова што го напишавме погоре не се рекла казала муабети, поседуваме докази, сведоци, видео снимки од безбедносни камери и фотографии. Ние како и до сега, така и понатаму максимално ќе соработуваме со надлежните органи со цел да бидат расветлени овие случаи за кои искрено се надеваме и веруваме дека што побргу ќе бидат решени за мир и спокој во населбата и градот.

Да не дозволиме сите ситуацијата повторно да ескалира, апелираме на мир, разум и трпение кај сите наши сограѓани.

Со почит, жители на Трајаново Трло, Кочани

Сподели: