Концесионерите со различни цени на ловот
На околу месец ипол пред стартот на ловната сезона, многу шпекулации кружат меѓу ловците поврзани со ловиштата и концесионерите кои треба да го организираат ловот. Коментарите дека поради истражни постапки, концесионерот Текстил, кој стопанисува со двете ловишта во Кочани, се откажал од концесионерството, денеска ги демантираше секретарот на ова ловно здружение, кој во телефонски разговор ни кажа дека ловните дозволи се добиени и дека освен за прелетен дивеч, ловната сезона за полезен и високопланински дивеч ќе се реализира според планот. Членарината за оваа година изнесува 5.000 денари, а ловците веќе се интересираат да ја платат сезонската дозвола.
И ловиштето кое се протега на терените околу Пресека и другите села, по повеќегодишна пауза доби концесионер, кој ќе го организира ловот за новата сезона. Од ловци кои традиционално ловат на овие терени дознаваме дека членарината за новата сезона ќе изнесува 4.500 денари
Со најниска цена е членарината која ја плаќаат ловците кои се определуваат да ловат на терените со кои стопанисува Подружницата „Осогово“, каде останува на минатогодишниот износ од 3000 денари.