Ја уценувал љубовницата, или 15.000 евра или се на видело
Полициската станица во Кочани поднесе кривична пријава против дваесет и шестгодишниот И.З. од Чешиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена
Пријавениот од средината на јуни 2021 до 18.07.2021, ја уценувал оштетената жителка на Кочани, со која бил во љубовна врска, дека ќе објави нејзини фотографии и видеозапис со компромитирачка содржина доколку не му даде 15.000 евра“, информираат од МВР.