Аки Акиов првиот ден ги собра потписите за независната листа за советници

Ако Акиов, како носител прв ја поднесе кандидатската листа за советници во Канцеларијата на ДИК во Кочани, и уште првиот ден не само што ги собра потребните 250 потписи, туку ја натфрли бројката и стигна до 330 потпишани граѓани. Акиов е прв и на ниво на држава кој поднесе листа и ги собра потписите.

Инаку, од локалната канцеларија на ДИК истакнуваат дека интерес за независни листи и собирање потписи пројавиле и други граѓани од Кочани, но и од помалите општини Чешиново-Облешево и од Зрновци. Сето тоа зборува дека во октомври се очекуваат интересни и неизвесни избори, кои како резултат можат да донесат мошне шаренолики совети.

Сподели: