Напролет ќе се сее на Драчевик и Сламерник !!!?

Овие денови државните власти од метрополата Скопје, кои изгледа заборавиле на своето минато и потекло, дојдоа во Тркање и одлучно изјавија дека е добро што се случил пожарот и што им ги изгорел пасиштата. Тие со државни пари, демек од народот, ќе купеле семе за трева и ќе го посеале по пеплосаните ридови Драчевик, Сламерник и секаде каде е изгорено. Плус ќе се изградат поилишта, хранилишта ..

И така тревата ќе никне, ридовите ќе раззеленат а по нив стадата ќе забелеат.

Арно ама, убавите планови на ЈП за стопанисување со пасишта имаат една незначителна и небитна фалинка. Добиточниот пазар во Облешево со години е празен, без говеда, овци, кози. А ако таму нема, значи нема и кај сточарите. Ќе мора државата да им купи и добиток на сточарите. А пред тоа ќе мора да ги врати од странство младите кои ги напуштија селата.

Се некако изгледа дека новопосеаната трева можеби и ќе раззелени до напролет, ама бидејќи нема кој да ја пасе ќе се исуши преку лето, и ете ти опасност од нов пожар. Па пак ново гаснење, ново сеење, нови поила …

Сподели: