Власта го критикува, „Осогово“ домаќин на „К.Саса“

Второлигашите во последен момент ги собраа парите и ги уплатија за котизација, со што се создадоа услови за жребување и старт на новото фудбалско првенство. ГФК „Осогово“ во првото коло ќе ја пречека секогаш незгодната  екипата на „Каменица Саса“. Се очекува интересен и до крај неизвесен натпревар, во кој трите бода се особено императив за жолто-сините. Поради Ковид мерките дозволено е на натпреварите да присуствуваат гледачи но само доколку поседуваат потврда за примена прва вакцина, или имаат потврда за прележан Ковид-19, но не постара од 45 дена.

Двојќи од првото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток :„Осогово“ – „Каменица Саса“, „Слога 1934“ – „Братство“, „Тим Локомотива“ – „Кожуф“, „Победа“ – „Кит Го“, и „Детонит“ – „Беласица“

Цената на влезниот билет за натпреварот во Кочани изнесува 70,00 денари. Натпреварите започнуваат во 16:00 часот

Сподели: