Кој ја води играта, Илијев или СДСМ ?
И по изоставувањето од последниот пакет кандидати на СДСМ за градоначалници, чудно е што актуелниот градоначалник Николчо Илијев дозволува толку долго да се провлекува неговата кандидатура од страна на партијата, особено ако се знае дека е надпартиски. Прашањето е зошто, по примерот на некои сдсмовски и вмровски градоначалници, едноставно не најави дека доколу не го кандидира СДСМ, тој ќе ја побара довербата на граѓаните – како независен кандидат. На тој начин ем ќе ги избегне партиските аномалии, ем ќе знае дека навистина е посакуван од граѓаните. Освен тоа ќе ја оттргне дилемата дали други го притискаат да биде градоначалник, а тој не сака, или …
Овие дилеми се наметнуваат и по коментарот на еден висок партиски функционер, кој деновиве изјави дека, кој и да е кандидат на СДСМ во Кочани, победата е сигурна. За партијците тоа е добра вест, но не и за кандидатот, чии квалитети се ставаат во подредена улога на партијата. Уште помалку за граѓаните кои во таква ситуација, за татко на градот ќе бираат партија, а не водач. Таквата поставеност на работите за Илијев сигурно е неприфатлива, но …